Косовскиот премиер во заминување Албин Курти побара од Уставниот суд да го прогласи за неуставен декретот на претседателот Хашим Тачи за мандатар за состав на нова влада.
Курти до уставниот суд поднел мислење, во кое, меѓу другото, бара декретот на Тачи да се прогласи за неважечки и за спротивен на уставните одредени.
Вчера, во текот на денот, мислење до Уставниот суд поднесоа и пратеничката група Движење Самоопределување, претседателката на Парламентот Вјоса Османи и пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово.
Уставниот суд донесе одлука привремено, до 29 мај, да го суспендира декретот на Тачи со кој му го доверува мандатот за состав на влада на Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово, второпласираната партија на последните избори одржани на 6. октромври минатата година.