Регион 02. август 2019. / 19:18

Албански терорист e пронајден искасапен во канал

Албански терорист e пронајден искасапен во канал

Медиумите во Приштина наведуваат дека Лато оджувал добри врски со Рамуш Харадинај. Телото на контраверзниот албански политичар Фестим Лата е пронајдено во канал на Амстердам, јавуваат холандски медиуми.

Лато имал приватна војска која била сместена во неговата куќа во Аферден. Самопрогласен претседател на Чемерија, дел од Грција кој е присвојуветуван од албанските националисти. Властите во Холандија биле свесни на фактот дека Лато организирал приватна војска на својот имот во Аферден, но дека од непознати причини, не реагирале.

За време на денот на албанското знаме, албански национален празник, на тој имот организирана е “воена парада“, а Лато по тој повод изјавил: “Ова е војска која ја создава“. Таа организација е наречена “Осободителна војска на Чемерија“, со акроним сличен на оние кои се користеле на Косово, во Македонија и на југ на Србија.

Лато независноста на “Република Чемерија“ од Грција ја прогласил на 30 октомври 2016 година кога се именувал и за претседател на истиот ентитет, а како што јавува Бота сот. во тек на 2017 ветил дека ќе почне со изработка на пасоши на “Република Чемерија“.

Лато е погребан пред неколку дена во Албанија, а испратен е со знаме на “Голема Албанија“.