Регион 10. април 2019. / 19:32

Албански специјалци ја преземаа контролата над аеродромот во Тирана

Албански специјалци ја преземаа контролата над аеродромот во Тирана

Албанската воена полиција и специјалци ја преземаа контролата над аеродромот во Тирана, ден откако вооружени разбојници го нападнаа блиндираното возило на пистата и побегнале со вреќа пари, јавуваат албанските медиуми.

Разбојниците по кражбата побегнале користејќи го споредниот излез од пистата, а властите во Тирана за серијата безбедносни пропусти ја обвинија кинеската компанија, која е концесионер на аеродромот „Мајка Тереза“.

Во блиндираното возило, според различни извори, имало помеѓу 1,5 и 2,2 милиони евра, но не е познато колку крадците украле.

Во изминатите четири години, во четири грабежи на аеродромот во Тирана украдени е повеќе од 4,5 милиони евра.