Регион 15. октомври 2019. / 21:00

Албанската полиција откри 10 деца нелегални мигранти

Албанската полиција откри 10 деца нелегални мигранти

Во близина на албанско-грчката граница, во пограничните села Врник и Трестеник, албанската полиција откри група од 22 мигранта. Меѓу мигрантите имало и 10 курдски, авганистански и сириски деца.

По извршените стандардни процедури, мигрантите се однесени во прифатниот центар Бабру, во близина на Тирана.

Граничната полиција заедно со офицерите на Фронтекс продолжуваат со зајакната контрола на границата,но феноменот продолжува и во просек дневно се откриваат по 20 мигранти.

Според Управата за граница и миграција, во изминатиот период од годинава албанската полиција открила околу 8.000 мигранти, што е за околу 40 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.