Непознати сторители, околу три часот по полноќ со автоматска пушка пукале во домот на родителите на албанската новинарка Клодиана Лала.
Од увидот полицијата сопшшти дека десет куршуми завршиле во ѕидовите на објкетот, прозорците и влезната врата. За среќа нема повредени.
Во ќуката биле нејзините родители, братот и сестрата, а Клодиана со сопругот и двете малолетни деца, за кои ова е втор дом поради нејзините обврски, нешто по полноќ заминале во нивниот дом.
Според медиумите ова е најверојатно само предупредување до новинарката мислејќи дека таа со семејството е тука, каде што често останувала и да преноќи.
Клодиана Лала е позната по нејзините истражувачки стоии, во кои открива многу случаи на корупција во кои се вмешани и лица од власта.
Остра осуда за инцидентот најпрво приситгна од здружението на новинари, кое оценува дека ова е прв обид начин како да се замолчи новинарството. Инцидентот го осудија и претседателот Илир Мета, премиерот Еди Рама, мисијата на ОБСЕ, како и граѓански организации и други политички партии.
Во реакцијата лидерот на опозициската демократска партија Љуљзим Баша, покрај силната осуда, оценува дека тоа е потврда за небезбедноста на граѓаните на Албанија, посебно на новинарите кои се обидуваат да пишуваат за „криминалот на Владата на Рама и неговите пријатели“.
– Зад вооружениот напад врз новинарката Клодиана Лала, која неодамна ја откри поврзаноста на пратеникот на Еди Рама, Јоргис Чурбја со криминлната банда на Емилијано Шулази, е потврда дека криминалот во оваа змеја е недопирлив, стои во реакцијата на Баша.
Полицијата не соопштува детали во интерес на истрагата, освен дека од денеска новинарката добила полициска заштита.