Регион 19. февруари 2020. / 15:26

Албанија стартува кампања за признавање на Косово

Албанија стартува кампања за признавање на Косово

Овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај изјави дека и предложил на  Приштина со заеднички финансиски средства да покренат кампања за признавање на Косово.

Цакај му преложил на шефот на косовската дипломатија, Глаук Коњуфца, да потпишат договор и да преземат заедничко лобирање за признавање на Косово, пренесе „Газета Експрес“.

Тој предложил, на претстојната седница на приштинската и Владата на Албанија во Скадар да бидат потпишани два договори. Едниот во врска со тоа како ќе се делат трошоците во лобистичката кампања и другиот во врска со размена на искуство во процесот на европската интеграција.

Гент Цакај, е Албанец од Косово, кој во владата на албанскиот премиер Рама врши должност на овластен министер за Европа и надворешни работи. Тој е заслужен и за формирањето на коалицијата на албанските партии во три оптштини на југо-централна Србија која ќе учествува на претстојните парламентарни избори.