Регион 04. јуни 2020. / 21:35

Албанија регистрира 13 заболени, од нив 11 од Тирана

Албанија регистрира 13 заболени, од нив 11 од Тирана

Во изминатото деноноќие во Албанија се регистрирани 13 новозаразени со Ковид-19, од кои 11 се во Тирана, каде моментно активни на болеста се 183 од вкупно 266 заболени.

Во Инфективната клиника хоспитализирани се 23 пациенти, петмина се на интензивна терапија, додека еден е интубиран.

Од почетокот на пандемијата направени се 17.099 тестирања, при што позитивни на вирусот биле 1.197. Од вкупната бројка 75 отсто или 898 се излекувале, додека 33 починале.