Регион 25. декември 2018. / 18:28

Албанија: Проверка на имотот потврди дека околу 50% од судиите не го поминаа овој тест

Албанија: Проверка на имотот потврди дека околу 50% од судиите не го поминаа овој тест

Специјалниот Апелационен колегиум соопшти дека од 77 судии кои беа тестирани со системот на Ветингот од март до декември оваа година 45 насто не го поминаа тестот , и до овој момент 35 се исклучени од нивната активност во судовите . Истиот извор нагласува дека бројот на судиите кои ке добијат отказ ке биде многу поголем бидејки сеуште се тестираат .

Меѓу оние кои не го поминаа тестот за проверката на имотот и нивното професионално работење е и претседатрелот на Уставниот суд на Албанија Башким Дедја . Од највисоката судска инстанца во Албанија на тестот не поминаа и други четири судии, така што уставниот суд не функционира .

Недфокажувањето на имотот што го стекнале судиите а кој во одредени случаи е и милионски, доволно говори за состојбата на албанското судство оценуваат албанските аналитичари.

Ветингот во Албанија што значи проверка на имотот на судиите и нивното работење, добива силна подршпка од меѓународниот фактор ,кој од Владата во Тирана бера продолжување на судството.

Обидите да се направи Ветинг и во поилитиката засдега не успева . Имено на седница на Собранието на Албанија, предлог законот на опозицијата беше одбиен од страна на партиите на власт. Имено, опозицијата бара со закобн проверка на имотот на секој политилчар, со цел да се утврди нивниот имот . Според опозицијата поголемот број нависоки функциуонери во земјата се директно замешани со мафијата во земјата , и имаат богаства кои се оценуваат со милиони евра. Од друга страна и Социјалистите кои се на вкласт спемаат дека и раководството на опозицијата е замешано со криминални банди , додава дека сега не е враме за тестирање на политичарите .