Регион 22. февруари 2020. / 21:04

Албанија повторно се најде на „црната листа” за перење пари

Албанија повторно се најде на „црната листа” за перење пари

Албанија повторно се најде на „црната листа” за перење пари и други ризици од организиран криминал, од каде беше избришана во 2015 година.

Според меѓународната агенција за следење на финансирањето на тероризмот (ФАТФ) додадени седум нови земји на „сивата листа”.

Освен Албанија, меѓу 100 – те држави, се најдоа и Барбадос, Јамајка, Маурициус, Мјанмар, Никарагва и Уганда.

На овие држави им е наложено да преземат низа правни и други мерки, за да можат да бидат отстранети од листата и да избегнат натамошни финансиски казни.

Албанија повторно по пет години се најде на сивата листа на земји со недостаток во законодавството против перење пари и друг ризик од организиран криминал. На оваа листа беше во перидот 2011-2015 година а беше збришана во 2015 година, пренесуваат албанските медиуми.

Исто така наведуваат дека соодветното тело на Советот на Европа, пред две години констатирало дека политичките механизми на албанската влада не се целосно ефикасни во спречувањето на ситуацијата.