Регион 24. декември 2018. / 16:00

Албанија по грешка го објави списокот на тајни агенти во Македонија, Грција, Србија и Италија!

Албанија по грешка го објави списокот на тајни агенти во Македонија, Грција, Србија и Италија!

Албанија, членка на НАТО, случајно на интернет објави тајни податоци за своите најдобри разузнавачи и тоа: имиња, нините автомобили, регистерски таблици, броеви на лични карти и пасоши, детаљи за патувања, па дури и нивните секојдневни навики, пишува Индепендент.

Сите овие информации се објавени на сајтот на албанското Министерство за финансии.

Сега цел свет знае каде точно работат најдобрите албански тајни агенти и колку заработуваат.

ШИШ е албанска разузнавачка агенција која оперира во земјата и во странство и одговара директно на премиерот Еди Рама. Има пет организациони структури: оперативна, надворешноизвестувачка, контраразузнавачка, служба за борба против организиран криминал и антитерористичка единица.

Ова се агентите чии податоци ги има на веб страната на министерството: Фердинанд Нуку, Кујтим Прифти, Роберт Тучи, Нестор Бамбето, Астрит Кинани, Невзат Шеху, Тонин Пренди, Бардок Гега, Хазби Браја.

Извор: Independent