Од утре повторно ќе биде воведен полициски час во Албанија, а на граѓаните ќе им биде забрането да се движат од 22 до 6 часот наутро, одлучи денеска албанскиот Технички комитет, составен од експерти.
За тоа време, баровите и рестораните нема да работат, а сообраќајот е забранет освен за итни случаи и услуги за достава, пренесува порталот „Егзит“.
Ако некој мора да го напушти местото на престој за работа, тој мора да има посебна дозвола.
Претходниот полициски час беше воведен пред Нова година, на 24 јануари и важеше од 20.30 до 6 часот наутро, но таа мерка истече во неделата, на 3 јануари.