Регион 09. март 2021. / 16:21

Албанија лани втора во светот по бројот на баратели на азил во ЕУ

Албанија лани втора во светот по бројот на баратели на азил во ЕУ

Најновите податоци објавени од Европската канцеларија за азил (ЕАСО) потврдуваат дека и покрај пандемијата не е за потценување бројот на албанските граѓани кои минатата година побарале азил во некоја од земјите членки на ЕУ.

-Во 2020 година имало околу 6.600 барања и повторни барања за азил од албански граѓани. Во споредба со пред една година, апликациите се намалиле за околу 70 отсто, како резултат на пандемијата, која ги блокираше патиштата, додека од март албанските граѓани огранчено е патувањето во земјите на ЕУ, наведува весникот Монитор.

Во април и мај имало 146 односно 90 апликации, додека во следните месеци нивниот број се зголемил, за да се достигне највисоко ниво во септември и октомври, со по над 600 аплкации , но сепак далеку под нивото од 2019 година.

-И покрај падот, Албанија продолжи да биде рекордер на Балканот по бројот на барања за азил. Србија имала околу 2.600, Северна Македонија 1.230, Црна Гора 207, Косово околу 2.100, додека Босна и Херцеговина околу 1.300 барања. Додека во однос на вкупното население , Албанија и понатаму е на второто место во светот, по Сирија, земја чии граѓани бегаа од војната, наведува Монитор.

Повикувајќи се на податоците на ЕАСО, во однос на населението, според весникот, Албанија има 2.300 апликации на милион жители. Сирија, која е прва, има околу 4 илјади апликации на милион жители. Трет е Алжир со 1.858, следува Авганистан со 1.277 и петто е Косово со 2.100 барања.