Регион 18. април 2019. / 11:00

Албанија ќе донира 100.000 евра за обнова на Нотр Дам

Албанија ќе донира 100.000 евра за обнова на Нотр Дам

И албанската Влада стана дел од донаторите за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз, која се запали пред три дена.

За таа цел донесена е одлука да се доделат средства во износ од 100.000 евра.

Претходно албанскиот државен врв и лидери на политички партии изразија жалење за настанатите штети на познатата катедрала Нотр Дам од пожарот што ја зафати и солидарност со ветување дека Албанија ќе помогне во обновувањето

И косовската Влада најави дека ќе помогне со финансиски средства.

Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск во вторникот побара од 28-те земји членки на Европската Унија да помогнат во обновата на Нотр Дам.