Владата во Тирана донесе одлука со која сите казина и спортските обложувалници од станбените градски средини мораат да се преселат во предградијата, со што сака да се спречи нивното ширење, особено во глвниот град Тирана.
Albanski premijer Edi Rama u utorak je kazao da do 31. decembra sva kasina i sportske kladionice moraju biti zatvorene i preseljene u predgrađa.
Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека до 31 декември оваа година, сите казина и спортски обложувалници мораат да бидат затворени и преселени надвор од градовите. Притоа побара од медиумите во земјата да престанат со рекламите посветени на обложовалниците и електронските казина.
Исто така ново е и тоа дека се затвораат сите локали за електронски игри на среќа кои сега се на главните улици во градовите во Албанија и ќе бидат достапни само тие во хотели кои имаат пет ѕвездички и се лоцирани надвор од градските средини.
Градските улици во Албанија, се полни со спортски кладилници, а според Рама во изминатите пет години во Албанија видно е зголемен бројот на игрите на среќа како резултат на политиката која вледеела кога Социјалистите на Рама беа во колиција на Движењето на Социјалистичка интеграција на актуелниот претседател на државата Илир Мета.