Албанската влада донесе план од седум точки за потребите за финансирање на оние сектори од економијата што се погодени поради драстичните мерки преземени против ширењето на корона вирусот.
Во рамки на тие мерки ќе бидат издвоени 370 милиони американски долари што ќе бидат наменети за помош на здравството, бизнисот и семејствата во социјален ризик.
Од вкупниот износ, 2,5 милијарди леки или 25 милиони американски долари ќе бидат ставени на располагање на Министерството за здравство, за медицинска опрема и материјали или поддршка на медицинскиот персонал. Преку инструментот суверена гаранција за компаниите кои имаат објективни потешкотии во плаќањето на платите на своите вработени, се издојуваат 100 милиони долари – објави Рама преку вдео обраќање од неговиот кабинет.
Според планот на Владата, 65 милиони долари се за непосредни потреби: за семејствата во социјален ризик, за малитe бизниси и за евентуалната невработеност поради состојбата со корона вирусот.
На Министерството за одбрана за хуманитарната операција ќе бидат ставен на располагање 20 милиони долари, додека 10 милиони долари ќе бидат како резервен фонд за Владата за каква било непредвидена вонредна состојба.
Исто така ние трајно ќе ги избришеме каматите за активните должници за потрошена електрична енергија, домаќинства и малиот бизнис, со финансиски ефект до 15 милијарди леки, или 150 милиони долари. Од оваа мерка ќе имаат корист 211.024 претплатници – изјави Рама.
Предвидено е и одложување на данокот на добивка, како и поднесувањето на пресметките кои фирмите ги доставуваат до Централна банка на Албанија.
Овој план,како нормативен акт за измени во буџетот 2020 година стапува во сила на 20 март 2020 година – изјави Рама.