Регион 21. декември 2020. / 19:01

Албанија го зголеми времетраењето на полицискиот час пред празниците

Албанија го зголеми времетраењето на полицискиот час пред празниците
A picture taken on March 14, 2020, shows the empty main Boulevard of Tirana, amid the outbreak of COVID-19, the new coronavirus. - Albania has stepped up measures to contain the spread of COVID 19 and banned circulation of all cars (except ambulances and supplies) for three days and urged people to stay home as the number of infected people increased to 38. (Photo by Gent SHKULLAKU / AFP) (Photo by GENT SHKULLAKU/AFP via Getty Images)

Албанија ги зајакнува мерките за престојните празници со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, информираше Огерта Манастирлиу министерката за здравство и социјална заштита.

Наместо од 22:00 до 6:00 часот, што беше воведено на 11 мнатито месец, почнувајќи од 24 декември, полицискиот час ќе се применува од 20:30 часот, до 6:00 часот. Оваа мерка ќе важи до 4 јануари.

Бидејќи влеговме во период на одмори, врз основа на проценка на ризик што ја носат собирите и зголемувањето на контактите, по анализа на состојбата донесовме неколку одлуки. Така, почнувајќи од 24 декември до 4 јануари ограничувањето на движењето на населението ќе биде од 20:30 до 06:00 часот наутро. Од ова се изземаат службите за инти потреби и медиумите.Од петти јануари полицискиот час се враќа од 22:00 до 6:00 часот, рече Манастирлиу.

Со новата одлука на Комитетот од 24 декември до четврти јануари во 20:30 завршува работното време и во угостителските и трговските објекти,освен оние за домашна достава.

Според неа направената анализа на состојбата од страна на Комитетот на експерти во однос на епидемиолошките податоци на крајот на 51-та недела од епидемијата,

проценка е дека последните две недели инциденца изнесува 359 нови случаи на 100.000 жители.

Во последните четири недели се проценува дека ситуацијата покажала стабилност во однос на позитивните случаи на 100.000 жители и процентот на позитивност во однос на тестираните. Од друга страна, процентот на зафатеност на кревети во ковид болниците во последните две недели е 63,7 отсто, а процентот на легла зафатени при реанимација во болниците е 25,3 отсто, изјави Манастирлиу.

Посочи дека теренската работа од сите здравствени структури продолжува и оти ќе бидат во целосна готовност како и во изминатите 10 месеци.

-Теренската работа, тестирањето, следењето и изолацијата на сомнителни или потврдени случаи се одвива непречено. Од денес, како што се информирани сите граѓани, брзи тестови се користат уште на 6 пункта на здравствени центри во Тирана како и во сите градови според утврдениот календар, изјави министерката.

Нагласи дека сосотјбата редовно ќе се анализира и доколку има потрева огранчувачките мерки ќе бидат проширени или намалени.