Регион 22. септември 2018. / 23:09

Албанија го поддржува дијалог меѓу Белград и Приштина

Албанија го поддржува дијалог меѓу Белград и Приштина

Албанија безрезервно поддржува добро воспоставен дијалог меѓу Белград и Приштина, соопшти албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати.

Бушати смета дека низ целиот процес на нормализирање на одмосите меѓу Белград и Приштина е неопходно да се изгради внатрешен консензус на Косово, пренесува Танјуг.

,Безрезервно го поддржуваме дијалогот меѓу Косово и Србија. Мислиме дека процесот на нормализација треба да донесе взаемно признавање”, рекол Бушати.

Кога станува збор за идејата за размена на северот на Митровица за Прешевската долина, Бушати вели дека никогаш не чул за идејата за ,,сецесија” на таа територија.