Регион

Ако патувате во овие држави бидете внимателни – бура му се заканува на Балканот

Ако патувате во овие држави бидете внимателни – бура му се заканува на Балканот

Во текот на следните 12 часа во голем дел од регионот поточно во делови од Словенија, Хрватска, голем дел од Босна и Херцеговина како и Црна Гора, но и југозападните предели на соседна Србија има доста големи услови за локално развивање на олујни системи проследени со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и локална појава на град, градот локално може да биде и од поголема величина, објави метеорологот Славчо Попоски.

На граѓаните кои планираат да патуваат во овие држави во текот на следните 12 часа да бидат крајно претпазливи затоа што меетоеоролозите предупредуваат на зголемени услови за појава на силни бури во овие држави.