Лидерот на ДУИ, Али Ахмети преку статус на Фејсбук ги коментираше вчерашните предвремени парламентарни избори во Косово. Тој напиша дека синоќа победи Косово, пишува Слободен Печат.
Ахмети рече дека граѓаните на Република Косово, како и нивните политички партии демонстрираа европски стандарди во спроведувањето на предвремените парламентарни избори, како за време на кампањата, така и на денот на изборите, но и во прифаќањето на волјата на народот.
–Мои најискрени честитки до сите учесници и придонесувачи во овој толку важен процес во клучни времиња за Косово и регионот. Синоќа победи Косово, додека сме во очекување на конечните резултати, им честитам на сите победници на довербата на граѓаните, напиша Ахмети на Фејсбук.
Сепак, тој воопшто не го спомна Албин Курти и Самоопределување кои и добија најмногу гласови во вчерашните избори.