Регион 23. март 2020. / 12:05

Афтершок: Серија од триесетина потреси во Загреб

Афтершок: Серија од триесетина потреси во Загреб

По вчерашниот земјотрес  во текот на ноќта се регистрирани околу 30 нови послаби потреси во Загреб.

Сеизмологот Крешимир Кука за Хрватско радио изјави дека секундарните потреси ќе траат со недели и месеци.

Состојбата на 15-годишното девојче што беше повредено при во вчерашниот земјотрес што го погоди главниот град на Хрватска е непроменета и тоа се бори за живот.

Земјотрес со интензитет  од 5,3 степени вчера утрината го погоди Загреб, а беше проследен со уште еден потрес со јачина од пет степени, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот беше на седум километри северно од Загреб, на длабочина од десет километри и предизвика материјална штета.