Регион 06. декември 2020. / 21:45

Аеродромот Истанбул забележа најмногу летови во Европа

Аеродромот Истанбул забележа најмногу летови во Европа

Според податоците на Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај, аеродромот Истанбул во периодот меѓу 28 ноември и 4 декември забележал најмногу летови во Европа.

На овој аеродром на 1 декември се извршени 423 летови, на 2 декември 498, следниот ден 483 и потоа 570 летови.

Истанбулскиот аеродром на тој начин имаше поголем промет од аеродромите во Амстердам, Франкфурт, Лондон и Париз.

Аеродромот Истанбул е свечено отворен во октомври 2018 година и спаѓа меѓу најголемите во светот, а во август оваа година доби меѓународен сертификат за здравствена акредитација