Регион 07. март 2019. / 11:16

Адвокатка со нож нападнала клиент и се обидела да го убие

Адвокатка со нож нападнала клиент и се обидела да го убие

39-годишната адвокатка Лидија О. од Суботица била уапсенa вчера под сомнение дека се обидела да го убие својот 34-годишен клиент Дарко Г., пренесува Еспресо.рс.

Како што дознава Еспресо.рс, Дарко Г. вчера бил во канцеларијата на адвокатката, кога таа го нападнала со нож и му нанела полесни телесни повреди.

По нападот, адвокатката Лидија О. била уапсена, а нејзиниот клиент бил задржан во болница во Суботица.

Лидија О. е осомничена за кривично дело убиство во обид и во законски предвиден рок ќе биде спроведена во обвинителството со кривична пријава, пренесуваат српските медиуми