Регион 04. април 2019. / 11:53

80.000 Албанци од Косово чекаат виза за Германија

80.000 Албанци од Косово чекаат виза за Германија

Порталот „Балкани инфо“ објави извештај од германската амбасада за бројот на барања од косовски граѓани за германска виза.

Германскиот конзулат во Приштина лани обработи 7.075 работни визи, додека на листа на чекање за барање виза во германскиот конзулат чекаат 79.037 граѓани, се наведува во одговорот.

Инаку, за работна виза во германскиот конзулат се чека повеќе од една година, додека за спојување на семејствата се чека до 52 седмици, а за шенген-виза 21 недела, пишува „Балкани инфо“.