Регион 30. август 2019. / 09:14

63 отсто од Косоварите нема да гласаат на избори

63 отсто од Косоварите нема да гласаат на избори

Во анкета, 63 отсто од испитаниците изјавиле дека нема да учествуваат на избори, а пак 33 отсто одговориле дека ќе гласаат.

Во анкета спроведена од косовската новинска агенција Косовапрес, 63 отсто од учесниците изјавиле дека нема да учествуваат на изборите.

Во анкетата „Дали ќе учествувате на изборите?”, учествувале 3.701 испитаник. Од нив 2.332, или 63 отсто изјавиле дека нема да учествуваат на изборите, 1.216 – или 33 отсто, одговориле дека ќе гласаат, додека 153, или 4 проценти, рекоа дека не знаат.

Инаку предвремените парламентарни избори во Косово ќе се одржат на 6 октомври. Политичките партии веќе ги именуваа и кандидатите за премиери, но дел од нив и стапија во изборни коалиции, кои треба најдоцна до денеска да бидат пријавени во Државната изборна комисија.