Регион 25. март 2020. / 14:19

50 милиони евра од ЕУ за Албанија за борбата против коронавирусот

50 милиони евра од ЕУ за Албанија за борбата против коронавирусот

Европската Унија ќе додели конкретна помош за Албанија во борбата со вирусот Ковид-19. Информацијата на Твитер ја објави амбасадорот на Европската Унија во Тирана, Луиџи Сореца наведувајќи дека ЕУ ќе и даде вкупно 50 милиони евра помош на Албанија. Од нив четири милиони евра ќе бидат за медицинска помош, 11 милиони за социјална помош и 35 милиони евра за економско закрепнување.

– Среќен сум што може да објавам дека Европската Унија ќе даде конкретна помош за Албанија во борбата против Ковид-19. Конкретно: 4 милиони евра за медицинска опрема и медицинска помош, 11 милиони евра за социјална подршка, како и 35 милиони евра за економско закрепнување. ЕУ е секогаш со Албанија и во време кога е тоа потребно! Секогаш сме со Албанија – напиша Сореца.

На веста на Сореца реагираше премиерот Еди Рама реагираше кој на Фејсбук напиша:Господ на Албанците е голем.

„Европската унија на Албанија и додели 50 милиони евра за борба против „Ковид-19“.Господ на Албанците е голем,- напиша Рама