Регион 20. јули 2018. / 17:53

47.000 лица лани ја напуштиле Хрватска

47.000 лица лани ја напуштиле Хрватска

Од Хрватска во текот на минатата година во странство се иселиле повеќе од 47.000 лица, додека од странските земји во Хрватска се доселиле повеќе од 15.000 луѓе, од кои една третина од Босна и Херцеговина. Ова значи дека Хрватска поради миграциите останала без речиси 32.000 жители.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Хрватска лани од странство се доселиле 15, 533 лица, од кои 50,9 отсто хрватски државјани и 49,1 отсто странци, додека меѓу 47,352 лица кои се иселиле од Хрватска најголем број се хрватски државјани, односно 95,8 проценти. Најголем број од доселениците во Хрватска пристигнале од Босна и Херцеговина (31, 8 проценти), додека најголем број (61,4 отсто) од Хрватите се иселиле во Германија.

Меѓу иселените најбројни се младите луѓе, со 48 проценти на возраст од 20 до 39 години.