Македонија 27. јули 2018. / 17:08

Зоран Заев одлучува за референдумското прашање

Зоран Заев одлучува за референдумското прашање

Прашањето за референдумот ќе биде тоа што го кажа премиерот Зоран Заев и нема отстапки, па дури и ВМРО-ДПМНЕ да се согласи активно да учествува, објави „Независен весник“.

Како што пишува весникот, според високи владини функционери, в понеделник ќе се одржи собраниската седница  на која ќе се очекува закажување на референдумот на 30 септември. Според нив, продолжуваат контактите меѓу тимовите на Заев и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се остава простор за договор, но и да не дојде до тоа, референдумот ќе се оддржи и без учество на опозицијата.

Во врска со референдумското прашање, премиерот Зоран Заев ја наведе формулацијатата: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“. ВМРО-ДПМНЕ посакуваше референдумско прашање кое ќе се однесува исклучиво на договорот за името.