Македонија 23. јули 2018. / 16:37

Зоран Заев денес во Мостар ќе учествува на традиционалната манифестација Mostar Peace Connection

Зоран Заев денес во Мостар ќе учествува на традиционалната манифестација Mostar Peace Connection

Премиерот Заев вечерва во Мостар ќе има обраќање, во чест на традиционалната манифестација Mostar Peace Connection

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, вечерва ќе присуствува на традиционалната манифестација во Мостар, Mostar Peace Connection.

Премиерот Заев заедно со организаторите од Центарот за мир и мултиетничка соработка, претседавачот со Советот на министри на БИХ, Денис Звиздиќ, како и со добитниците на наградата, „Мостарска повелба на мирот“, ќе пушти цвеќе од Стариот мост на Неретва, во знак на мир. Наградата „Мостарска повелба на мирот“ годинава ја добиваат грчкиот премиер Алексис Ципрас и црногорскиот премиер Душко Марковиќ, додека лани добитник беше премиерот Заев.

По потпишувањето на Мостарската повелба за мир од страна на добитниците на наградите, каде ќе присуствуваат и актуелни и поранешни лауреати, политичари од БИХ, регионот и пошироко, премиерот Зоран Заев ќе има обраќање, предвидено околу 21:00 часот.