На иницијатива на премиерот Зоран Заев и на министерот за надворешни работи, Бујар Османи поведена е постапка за разрешување на Зоран Иванов од функцијата претседател и член на Надзорен одбор на Медиумската информативна агенција (МИА) поради недолична јавна комуникација и ширење говор на омраза кон владини претставници на соседот Република Бугарија.
Ова вечерва е објавено на официјалната фејсбук страна на Владата на Република Македонија.
На иницијатива на премиерот Зоран Заев и на министерот за надворешни работи, Бујар Османи поведена е постапка за…
Posted by Влада на Република Северна Македонија on Wednesday, November 18, 2020
Зоран Иванов, поранешен новинар и портпарол во неколку влади на СДСМ, на социјалните мрежи денекса објави коментар кој содржи говор на омраза против Екатерина Захариева и Дора Бакојани.
На својот Твитер профил, Зоран Иванов упати мизогини и навредливи коментари, кои упатуваат на силна омраза, не само кон Бакојани и Захариева, туку и кон женскиот род.
Тој напиша:
Иванов важи за еден од најгласните апологети на СДСМ и надворешната политика на Зоран Заев, а во моментот ја врши функцијата Претседател на надзорен одбор на МИА.