Македонија 07. септември 2018. / 14:46

Зоран Ангеловски нов директор на ОТА

Зоран Ангеловски нов директор на ОТА

Со 83 гласа ЗА Собранието го изгласа новиот директор на Оперативно техничката агенција (ОТА), Зоран Ангеловски.

Пред три дена политичките партии во Собранието постигнаа консензус Ангеловски да биде избран меѓу 14 кандидати за оваа функција, за што потврди и премиерот Зоран Заев.

Оперативно-техничката агенција, која ќе биде медијатор во прислушувањето меѓу операторите и корисниците, се очекува да почне со работа од ноември 2018 година.

Во ОТА треба да се пресели опремата за следење на комуникациите, со која досега располагаше Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).