За прв човек на Оперативно техничката агенција, ќе биде поставен Зоран Ангеловски, дознава Телма.
Засега официјална потврда на ваквата информација нема, освен што премиерот Заев денеска потврди дека веќе е донесена одлука и дека станува збор за професионално решение, договорено меѓу власта и опозицијата.
Според информацијата на Телма, Ангеловски се очекува денеска да биде изгласан на седницата на комисијата за избори и именувања. Од малкуте информации што ги има за Ангеловски тој предходно работел во УБК.