Дружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудува денешниот напад врз екипа на Медиумската информативна агенција (МИА) која професионално известуваше за протестот поврзан за случајот „Монструм”.
-Според кажувањата на колегите од МИА, имало обид да им се одземе опремата и турканици, при што снимателот бил турнат, а неговата опрема оштетена. Ваквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е да биде строго казнет од страна на Министерството за внатрешни работи затоа што насилството кон новинарите не е дозволив во демократски земји, наведува ЗНМ.
ЗНМ уште еднаш предупредува дека неказнивоста на нападите и медиумските работници може да поттикне посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување, како и правото на информирање на граѓаните.
ЗНМ дополнува дека треба што поскоро да се измени Кривичниот закон во насока на системска заштита на новинарите и медиумските работници.