Македонија 02. јули 2019. / 21:13

ЗНМ: Непримерен и дрзок однос на Рашковски проследен со закани за тужби кон новинари

ЗНМ: Непримерен и дрзок однос на Рашковски проследен со закани за тужби кон новинари

За непримерниот однос на Драги Рашковски кон новинарите кој се случи во текот на денешната прес конференција реагираше и Здружението на новинари кое го осуди неговото однесување и заканите до новинарите.

Непримерениот и дрзок однос проследен со закани за тужби за клевети кон новинари ја засени денешната прес конференција која ја одржа Драги Рашковски, Генералниот секретар на Владата на Северна Република Македонија. Ваквите директни закани за иницирање на судски постапки кон новинари од страна на високи претставници на Владата претставуваат притиок кон новинарите што може да резултира со самоцензура,  реагираат од ЗНМ.

Тие додаваат дека генералниот секретар на Владата Рашковски, потребно е да знае дека со неодговарањето на новинарски прашања на прес конференција, кој пак тој самиот ја организира но и со дрскиот однос кон поедини новинари присутни на овој настан, го нарушува и концептот на отвореност и транспарентност која Владата се обидува да го застапува.

Го потсетуваме Рашковски дека доколку не е задоволен од етичките стандарди на конкретен новинарски или медиумски производ може да упати претставка до медиумските саморегулативни тела. Високите претставници на Владата но и воопшто од страна јавните личности пред се од политиката, потребно е да имаат повисок праг на толеранција кога кон нив се упатува критика од страна на новинарите. Тие потребно е да знаат дека тужбите за клевета и навреда кон новинари е непопуларен метод кој се користеше во минатото кој негативно се одразуваше на слободата на изразување и придонесуваше Македонија да биде ниско оценувана на светските индекси за слободата на медиумите, реагираат од ЗНМ.