Македонија 03. ноември 2020. / 19:50

Знамињата на ЕУ во Брисел на половина копје

Знамињата на ЕУ во Брисел на половина копје

Знамињата на ЕУ беа спуштени на половина копје пред седиштето на Европската комисија во Брисел во знак на солидарност со Франција и Австрија.

Европската комисија на денешната редовна прес-конференција одржа едноминутно молчење во чест на жртвите на терористичките напади во Франција и Австрија.

„Европа е со вас. Презедовме активности за запирање на тероризмот во сите негови форми и оваа борба ќе продолжи да биде приоритет за нас. Ние сме посилни од омразата и теророт, наведува Комисијата на Твитер.