Бев пријавен за збор на конститивната седница на “27 април” 2017 година но не стигнав на ред. Вељановски бараше да се откажаме од правото на збор, но јас не сакав да го сторам тоа бидејќи имав потреба да го кажам својот став, истакна поранешниот пратеник Борис Змејковски на денешното рочиште.
И тој повтори дека не се сеќава да се прекине некоја точка на која има пријавени дискутанти да се прекине и да се прејде на следна.
Змејковски вели дека на 27 април немал никаква комуникација со обвинетите Спиро Ристовски и Миле
Јанакиески.
Не само тој ден туку и долго време пред тоа немав контакт и комуникација со Ристовски и Јанакиески, тврди поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека иако е еден од основачите на партијата вели дека немал посебни контакти со општинските комитети на партијата.
-Немав контакти ни со месниот комитет од Лисиче од каде што потекнувам. Мене дури и денеска кога ќе ме сретнат членови на ВМРО-ДПМНЕ ме прашуваат зошто партијата е толку пасивна, додаде Змејковски.