Зошто за Сашо Мијалков бил одреден куќен притвор, а луѓе за многу помали дела од ова масовно прислушување на цела нација 2008 година до 2015 година, праша уредникот на Радио Лидер во гостувањето во „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.
Генерално, смета Златев, најголемата вина за бегството на Мијалков е кај судот.
„Русковска да се вади дека нема крт во Обвинителството е многу непрофесионално. Судот ја има главната вина, уште во првиот случај кога не прифати мерка притвор од Ленче Ристевска, потоа Обвинителството за за бавната реакција и полицијата. Полицијата можела, затоа што очиглено имало ПИ мерки, и многу подобро да следи како се движел Мијалков“, рече Златев.