Уредникот на Радио Лидер во гостувањето во „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа, објасни зошто според него Сашо Мијалков се ставил во ситуација да мора да побегне од државата.
„Сашо Мијалков уште по промената на претходната власт беше оној кој прв му подаде рака на Зоран Заев и беше оној кој беше прв кој заедно со Зоран Заев работеше на оние осум пратеници. Тоа никогаш не го негирал Мијалков, Заев тоа го потврди јавно и таа соработка од прилика почна таму. По таа соработка видовме еден статистички нагол раст на бизнисите на господинот Сашо Мијалков и неговото семејство“, појасни Златев.
Тој потсети дека, како што рече, видовме ширење и во кладилниците и во нафтениот сектор, огромни инвестиции итн.
„Во октомври 2018 година ВМРО-ДПМНЕ, собра храброст и јавно ја објави оваа коалиција на Заев и на Мијалков по што тој беше исклучен“, додаде Златев.