Македонија 12. август 2020. / 20:01

Златев: Лидер е класа, први објавивме за Еуростандард додека другите редакции не веруваа!

Златев: Лидер е класа, први објавивме за Еуростандард додека другите редакции не веруваа!

Во време кога „Економски Лидер“ прв ја објави  веста дека пропаѓа Еуростандард Банка, многу од редакциите не веруваа и не ја превземаа ексклузивната вест. Но, по многу кратко време Народната Банка ја потврди нашата информација, напиша главниот и одговорен уредник на „Економски Лидер“, Љупчо Златев.

И така, денес Економски Лидер прв објави дека Еуростандард Банка пропаѓа.
Први објавивме, уште со моето прашање на пресот, дека Нина Ангеловска е штедач во банката и поради инсајдерска информација ги повлекла парите. Први објавивме и за заложничката драма во филијалата на банката во Кавадарци. Кога ја објавивме првата вест, голем дел од уредниците и редакциите коментирале “Абе Златев се глупира, шири фејк њуз, не пропаѓа банка туку така.”. Ете излезе спротивно. Излезе дека ние сме најпроверен медиум, со најексклузивни и најнавремени информации.
Лидер не е само Златев, Лидер е тим од професионалци! ЛИДЕР Е КЛАСА!, напиша Златев на ФБ.