Денес одам во полиција да однесам слика од напаѓачот. Утре сликата ќе ја објавам, а понатаму, ќе ја објавам цела група од Автокоманда која го чува Јордан Мијалков и го тероризира градот, напиша Љупчо Златев на Фејсбук, откако синоќа беше физички нападнат од обезбедувањето на Сашо и Јордан Мијалков во локалот „Трибека.
Со слики и листа на злодела. Сакате војна? Ќе ја добиете! Мојата чест вреди, јас не сум најден на улица. Следно, ќе ги објавувам и џандарите кои ве штитат.Еднаш мора да се стави крај на подземјето контролирано од екс директорот на УБК. П.С. Пишувањата на Саше Политико и Јоци се доказ за коалицијата Мијалков – Заев!, напиша Златев.
;