Македонија 03. ноември 2020. / 14:23

Златев: Без стратегија за справување со исламскиот екстремизам нашата интеграција во ЕУ е затворена

Златев: Без стратегија за справување со исламскиот екстремизам нашата интеграција во ЕУ е затворена

Една од причините поради кои Франција го става под знак прашалник членството на Македонија во ЕУ е што земјата нема никаква стратегија за справување со исламскиот екстремизам, објави на неговиот фејсбук профил, новинарот и главен и одговорен уредник на Економски Лидер, Љупчо Златев.

Еден од терористите кои вчера извршија напад во Виена е со потекло од Македонија.

Знаете која е една од причините поради кои Франција го става под знак прашалник нашето членство во ЕУ?

Една од причините е тоа што земјава нема никаква стратегија за справување со исламскиот екстремизам и подолго време претставува извозник на исламски терористи. Тука ќе ги споменам стотиците борци на ИСИС кои потекнуваат од тука, но и синот на еден познат доктор. Не е само овој случај.

Се додека не го ставиме ова прашање на дневен ред и не го решиме, нашата интеграција во ЕУ е затворена, независно од тоа што ќе се договориме со Каракачанов и Бојко, пишува новинарот Златев.

Еден од терористите кои вчера извршија напад во Виена е со потекло од Македонија.
Знаете која е една од причините поради…

Posted by Ljupcho Zlatev on Tuesday, November 3, 2020