Македонија 11. март 2020. / 21:47

Зијадин Села носител на листа во шестата, Африм Гаши во втората изборна единица

Зијадин Села носител на листа во шестата, Африм Гаши во втората изборна единица

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села по собранието на партијата во Гостивар соопшти дека партиските органи решиле тој да го направи конечниот список на кандидати и дали ќе се настапи во четвртата изборна единица.

Јас ќе бидам носител на кандидатската листа во шестата изборна единица, а нашиот партнер Африм Гаши во втората изборна единица. Највиското партиско раководство реши да поднесеме листи за вкупно пет изборни едници, првата, втората, третата, петтата и шестата, а за четвртата изборна единица, можноста ќе биде отоврена. Кончената одлука ќе ја донесеме до утре – изјави Села.

Комлетните листи ќе бидат објавени утре.