На денешното рочиште за настаните на 27 април сведочеше поранешниот пратеник Весел Мемеди. Тој опиша дека на споменатиот датум речиси целиот ден бил во Собранието чекајќи да почне седница.
Кога околу 17 часот сакал да си замине дома уште еднаш влегол во пленарната сала. Таму бил Зијадин Села кој го прашал: „Зарем ти уште си во Собрание“, на што Мемеди одговорил потврдно.
Потоа Мемеди се упатил на кооринација кај претседавачот Трајко Вељановски на кој присуствувале и Оливер Спасовски и Илија Димовски.