Македонија 02. февруари 2021. / 12:28

Зибери: Вакцинирањето ќе започне во јануари, пратениците мораат да се вакцинираат

Зибери: Вакцинирањето ќе започне во јануари, пратениците мораат да се вакцинираат

Арбен Зибери, претседател на Комисијата за здравство во Собранието, денеска гостуваше во Студио 10, каде изјави дека до сега има многу луѓе кои ги поминале вирусот и дека не сме во почетна фаза.

Тој вели дека цела година имаме некоја скала на колективен имунитет, но и со вакцините ќе се постигне баланс и да се врати нормалниот живот и тие ќе се даваат на оние кои ја немале болеста, објави ТВ24.

– Во февруари ќе почнеме со давање на вакцината и земјите каде е почната вакцинацијата се членки на ЕУ. Во Србија се користат кинески вакцини и има претставништво „Фајзер“. Фокусот на Фајзер и сите компании сигурно е поголемиот пазар и ова е глобален проблем, вели Зибери.

Зибери смета дека пратениците треба да се вакцинираат за да може да функционира Собранието, но и оние кои не ја имале болеста и немаат антитела.

– Јас имам антитела и нема потреба да се вакцинирам, зошто ја имав болеста, вели Зибери.

Тој смета дека во неколку земји веќе се зборува за лек против вирусот, не само вакцина, зашто не е сигурно колку ќе штити вакцината и колку ќе трае.