Како прв приоритет го издвоивме прашањето на соочување со тешките разорни ефекти од пандемијата на здравствен и економски план. Сакаме да ги зајакнеме капацитетите на здравствен план. Тоа да не биде само морална и техничка поддршка, туку и финансиска, не само на градење на капацитети, туку и материјално на луѓето кои први се на штитот од пандемијата, истакна во своето гостување во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, предлог мандатарот на ДУИ, Насер Зибери.
Предвидуваме минималната плата на медицинскиот кадар со средно образование да не биде под 600 евра. Да ги зајакнеме капацитетите на примарното здравство, за помал продор во секундарното и терцијалното здравство. Брза реалокација на средства од Буџетот. Во ребалансот освен ова мора да оди реалокација и во стопанството каде е најпотребно. Брзо враќање на ДДВ кај приватните оператори, да не се чека туку најкасно за 30 дена да им се вратат средствата. Предвидуваме Буџетот да ги алиментира сите барања на приватните оператори кон јавниот сектор – рече Зибери говорејќи за нивните програмски цели и планови доколку формираат влада.
Борба против криминалот и корупцијата, враќање на довербата во судството Зибери нагласи дека сакаат веднаш да се постават правци кои ќе ја вратат довербата во правниот сектор, а како прв почеток, посочи, ни е справување со криминалот и корупцијата.
Мора да создаваме перцепција кај граѓаните дека сегашната перцепција кон носителите на јавни функции не е иста кај сите. Не сите работат за лични интереси туку е професија за која доброволно се нафатиле. Тој процес ќе почне од правосудството, носителите на јавни функции од влада до пратеници и директори на јавни установи и тој процес сметам дека може да ја поправи сликата за носителите на јавни функции. Се има впечаток дека судството често пати своите одлуки ги носи од политички или етнички аспект. Мора судството како трета власт да функционира независно и граѓанинот да има доверба дека кога ќе чукне на вратата на судот, ќе се почитува словото на законот. Тука зборуваме и за воведување на еден посебен суд кој ќе ги преиспитува одлуките за кои засегнатите странки смета дека од политички или етнички побуди се мотивирани одлуките – рече Зибери.
Целото интервју на „Слободен печат“.