оранешниот директор на Центарот за јавно здравје, a сега пратеник Арбен Зибери, во „Клик Плус“ на ТВ21, го искажа своето исксутво со симптомите кои ги чувствувал.
Јас имав тешки симтпоми, и сакам да упатам еден апел до сите граѓани вирусот да не го занемаруваат – истакна Зибери.
Тој ја нагласи потребата за носење на заштитна маска, за одржување на физичка дистанца и хигиена на раце, како основни мерки во борбата со коронавирусот.
Зибери рече дека податоците укажуваат оти возрасните лица потешко го минуваат вирусот, како и оние со проблеми со дишните органи.