Лекарите велат евидентен бил порастот на мозочни удари и апелираат на чести проверки на излечените од коронавирусот.
Зголемен бројот на луѓето со мозочни удари по прележан коронавирус, објаснуваат невролозите. Но мозочниот удар е многу честа состојба и кај луѓето кои имаат ковид.
Директорот на клиниката за неврологија Барбов објаснува дека вирусот останува долго време и ги оштетува нервниот систем кај луѓето.
За доктор Барбов многу е важно редовни контроли кај оние кои го прележале вирусот и кај хронично болните.
Пост-ковид контроли треба да прават и оздравени млади пациенти, бидејќи некогаш вирусот со одредена гентеска предиспозиција може да доведе до мозочен удар.
Голем дел од пациентите кои прележале ковид и по неколку месеци имаат проблем, иако со лесни симптоми го поминале ковидот, осетот за мирис и вкус се уште се нема вратено.
Клиниката за неврологија се уште заедно со кожната клиника се ковид центри. Во оваа клиника се лекуваат 25 пациенти со ковид, шестмината од нив имале и мозочен удар.