Жестока дебата се случуваше денес во Кризниот штаб околу предлогот на Комисијата за заразни болести да се воведе ограничување на движењето во критичните градови од 22:00 до 5:00 часот, дознава Алсат.
Според пишувањата на медиумот повеќето од членовите биле против таквиот предлог. Според аргументите, ова ограничување не може да има контра ефект.
Огромното мнозинство на вработените сметаат дека треба да се преземат мерки за да се носат маски насекаде (вклучително и местата на отворено).
Во 14:00 часот, Владата мора да донесе одлука за предлогот. Според извори на Алсат вжештена дебата се очекува и во Владата.