Касами ги избра Фадил Зендели, Кастриот Реџепи и Абдуш Демири за потпретседатели на партијата, додека за генерален секретар се избра Арјанит Хоџа
Претседателството на Движењето Беса го одржа првиот состанок на кој се избраа потпретседателите на партијата и тоа Фадил Зендели, Кастриот Реџепи и Абдуш Демири додека за генерален секретар на партијата се избра Арјанит Хоџа. За четвртиот потпредседател ќе се одлучува на еден од наредните состаноци, позиција која ќе и следува на Форумот на жени на Движењето Беса.
Како што информираат од Беса, на истиот состанок се избрани и раководителите на секретаријатите што се во склоп на Претседателството на партијата и тоа: секретар на департамантите – Енвер Салихи, секретар за стратешки политики – Бинас Пајазити, секретар за човечки ресурси и лобирање – Арафат Шабани и секретар за организација – Седат Сулејмани.
За портпарол на партијата е назначена Арта Садику- Актеши член на централното претседателство, информираат од Кабинет на претседателот на Беса, Билал Касами.