Пратеникот Фадил Зендели од партијата Беса кое е предводи Касам, по средбата со претставнкот на НАТО, Зоран Јанковиќ, рече дека има спорни моменти во делот за државјанството . Тие не сакаат да бидат пречка за патот кон НАТО, но сметаат дека одговорноста е на тие што ги промениле правилата во текот на периодот пред уставните измени
Зендели му порача на вицепремиерот Бујар Османи да оди во Чаир и да ги праша Албанците дали прифаќаат во делот за државјанство да бидат именувани како Македонци.
-Ако најде некој со поддршка, тогаш и ние ќе го поддржиме- додаде Зендели.
Премиерот Заев е на дополнителна мака со барањата за изземање на албанската етничка заедница во делот за македонско државјанство. Ова пак е неприфатливо за осумината пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои формираа независна пратеничка група. Што значи, пазарот продолжува.