Македонија 21. јануари 2020. / 13:37

Земјоделецот од Арачиново доби три клучни документи со кои ќе ја докажува неговата правичност

Земјоделецот од Арачиново доби три клучни документи со кои ќе ја докажува неговата правичност

Нови сознанија околу предметот на земјоделецот од Арачиново кој три години чека да биде обештетен презентираше дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водоспопанство, Цветан Трипуновски.

Тој денеска повторно го повикал Екрем Јаји, бидејќи, бидејќи што вели, повеќе од очигледно е дека некои од клучните документи се затскриваат во неговиот случај.

Трипуновски презентираше, како што ги нарече, три круцијални документи кои ја докажуваат правичноста на Јаји и чесната намера да си ги побара средствата кои ги заслужува од оштетите од 2016 година.

-Јас се зафатив за овој случај затоа што видов дека е согласно законите и процедурите и ќе го истерам до крај. И Екрем и сите оние земјоделци кои се на ваков начин, можеби и политички опструирани во реализацијата, ќе се заложам да си ја добие својата законска завршница затоа што навистина земјоделците во Македонија пред се треба да бидат почитувани и да ги добијат очекуваните средства, рече Трипуновски.

Земјоделецот Јаји пак, рече дека тој до овие документи не можел да дојде бидејќи, како што рече, неговиот предмет се држел во фиока од страна на Шефик Џемаили.

– Во Платежна агенција мојот предмет не беше во архивата каде треба да стојат документите, туку тој ( Шефик Џемаили) ги држеше во фиока во неговиот кабинет, рече Јаји.

Земјоделецот побара министерството за земјоделие да се изјасни во законскиот рок по неговиот предмет.